Што му претходело на масовното убиство во Цетиње?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Аца Мартиновиќ (45) од Цетиње, кој на 1 јануари уби 12 жртви, меѓу кои две деца на возраст од 9 и 14 години се скарал со сопственикот на локалот Мирко Вулетиќ (42) поради палењето на бадниковото дрво, но и поради некои жени, тврди жител на Цетиње, пишува српски Курир.

Вулетиќ се пошегувал со Мартиновиќ и го прашал каде годинава ќе се пали бадниковото дрво имајќи предвид дека во Цетиње „владеат“ две црковни струи, српската и непризнатата црногорска.

Мартиновиќ во еден момент почнал да го кажува своето мислење и наводно добил бројни критики врз основа на искажаните ставови што не им се допаднало на останатите гости во кафеаната.

Share This Article