Background

Денес се празнува Преподобниот Свети Наум Охридски – Чудотворец

Свети Наум Охридски Чудотворец (са. 830 – 23 декември 910) е средновековен словенски научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската писменост и македонската писменост и просвета.

Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите Кирил и Методиј.

Со нив, тој учествувал во Моравската мисија, а го ширел христијанството и во Панонија, Девол, Илирик и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, тој заминал во Првото бугарско царство, каде го поминал остатокот од својот живот.

- Advertisement -
Ad image

Првично тој живеел во престолнината Велики Преслав, каде се приклучил во работата на Преславската книжевна школа. Подоцна Наум заминал во Охрид, каде му се приклучил на св. Климент во работата на Охридската книжевна школа.

Св. Наум бил еден од основачите на Преславската книжевна школа, каде работел како учител од 886 до 893 година. Како еден од најдаровитите ученици на браќата Кирил и Методиј, во 893 година, кога Климент бил назначен од бугарскиот цар Борис I за словенски епископ во Дрембица и Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица бил назначен св. Наум Охридски, кој раководел со Охридската школа во текот на седум години, а во 900 година се повлекол во манастирот посветен на свети Архангел Михаил.

Во манастирот, св. Наум собрал големо монашко братство и е основоположник на коновисткото монаштво ( КИНОВИТИ .- монаси што живеат во манастирско братство. Првото монаштво на словенските простори било киновитско (општежително). Во Ⅹ в., охридскопреспанскиот регион станал вистински киновитски центар. Манастирските братства функционирале врз православнорелигиски претпоставки, со организација и дисциплина во вид на миниопштество. Монасите од овие братства се носители и фактори на духовниот и на интелектуалниот живот во манастирите во средновековна Македонија. За основач на македонското киновитско монаштво се смета св. Наум Охридски).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation