Background

4.000 ДЕЦА СÈ УШТЕ НЕ СЕ ЗАПИШАНИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

Околу 4.000 деца кои годинава треба да започнат со настава во прво одделение сè уште не се запишани, но бројката не е конечна бидејќи дел од родителите традиционално ги запишуваат децата кон крајот на август и во текот на септември, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за телевизија Сител.

Таа појасни дека Министерството за образование и наука конечните податоци за бројот на запишани првачиња ќе ги има до крајот на септември.

– Дел од учениците кои требаше да бидат запишани во мај и јуни сè уште не се запишани. Тоа е пракса и од претходните години. Одреден број родители ги запишуваат своите деца кон крајот на август, па дури и во текот на септември. Дополнително, не сите училишта навреме ги внесуваат податоците во е-дневникот, а бројките ги добиваме токму од тој систем – појасни Јаневска.

- Advertisement -
Ad image

Таа посочи дека дел од родителите се враќаат од работа во странство непосредно пред почетокот на учебната година, поради што се очекува дел од децата допрва да бидат запишани.

Говорејќи за намалениот број првачиња во однос на лани, министерката нагласи дека врз ова влијае пред сè падот на наталитетот.

– Генерацијата што сега се запишува во прво одделение е родена во 2020 година, а статистичките податоци покажуваат дека наталитетот во тие години бележи пад. Тоа е една од причините за намалениот број ученици – истакна Јаневска.

Таа додаде дека дел од децата сè уште не се вклучени во образовниот процес, што претставува предизвик со кој институциите континуирано работат на терен.

Одговарајќи на прашање за причините поради кои некои деца не посетуваат настава, Јаневска истакна дека во минатото имало случаи на нивно ангажирање како работна сила, најчесто во земјоделството, но дека таквата појава значително се намалува.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation