Денес во манастирот „Си Свети“, средновековен манастир во Општина Дебрца, сместен во селото Лешани, беше поставена крстилница кај старата црква на манастирот, посветена на „Сите Светци“.
Црквата потекнува од 1452 година, кога биле удрени темелите на неа врз основите на постара црква, за која се претпоставува дека потекнува од IX век.
Крстилницата е изработена од мермер, а нејзин автор е уметникот Владо и Горан Стојкоски од Прилеп. Изработката траела четири месеци, а крстилницата тежи 2,5 тони.
Таа претставува донација од Сашо, Тамара и Кристина Денесовски од „СОС Балкан Медиа“ Охрид, Горан, Кристина, Јана и Иван Јошевски од „ЈК Травел“ Битола, како и Златко, Весна, Бијанка и Кристијан Силјаноски од село Лешани. Помагатели на донацијата се Богоја Прензовски и Пепе Компани од Охрид.
Во рамките на донацијата, истите донатори се активно вклучени и во изградбата на други објекти во склоп на манастирот.
Лешанскиот манастир е единствениот манастирски комплекс посветен на „Сите Светители“ во Македонија, но и на Балканот.
Tagged as:
битола Дебрца” донација Крстилница Лешани Македонско Наследство Манастир Манастир СиСвети Мермер охрид Православие Сите Светци
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
