Започна Интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери” што се одржува по 25-ти пат со поддршка на Општина Охрид.
Млади музичари од државава и Светот ќе ги претстават своите знаења и талент во дисциплините: пијано, виолина и камерна музика.
Во изминатите 25 години, на натпреварот учествувале повеќе од 2.500 млади музичари од 36 држави, а дел од жирито биле над 135 врвни музички уметници од 28 земји, што го вбројува овој настан меѓу најреномираните музички натпревари во Европа.
Како членка на European Union of Music Competitions for Youth (EMCY) од 2005 година, манифестацијата претставува значаен промотор на младите музички таленти и достоен културен амбасадор на Охрид и Македонија пред меѓународната јавност.
„Охридски бисери” веќе четврт век останува прозорец кон светот, афирмирајќи ја музичката уметност, младешката креативност и културните вредности кои го прават Охрид препознатлив на европската и светската културна мапа.
Oрганизатор на настанот е Здружението на граѓани – Интернационален натпревар за млади музичари „Охридски бисери“.


ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
