23-годишна девојка од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа Неаполи во Солун, објавија грчките медиуми.
Според информациите до кои дошле грчките медиуми, нејзините родители, кои живеат во Северна Македонија, подолго време не можеле да стапат во контакт со неа, по што близок роднина заминал до станот во кој престојувала. Таму ја пронашол девојката без знаци на живот и веднаш биле известени надлежните служби.
Грчките медиуми јавуваат дека на телото бил извршен првичен преглед, а според досега собраните податоци не биле утврдени траги кои би упатувале на кривично дело.
Надлежните органи продолжуваат со постапката за утврдување на точните околности и причината за смртта.
Tagged as:
23-годишна девојка од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа Неаполи во Солун
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
