Background

16-ГОДИШНИК ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ

Шеснаесетгодишниот Колт Греј е осуден на доживотен затвор без можност за условно ослободување за убиството на четири лица и ранувањето на уште деветмина во масовната пукотница во средното училиште „Апалачи“ во Виндер, американската сојузна држава Џорџија, извршена на 4 септември 2024 година. Пресудата ја изрече судија во вторник, откако Греј минатата недела призна вина по 55 точки од обвинението, меѓу кои и за убиство и тешки напади.

Во нападот, кој го извршил како 14-годишен ученик, Греј со автоматска пушка – подарок од неговиот татко за Божиќ – ги убил учениците Кристијан Ангуло и Мејсон Шермерхорн, двајцата на 14 години, како и наставниците Кристина Иримие (53) и Ричард Аспинвол (39). Оружјето го внел во училиштето скриено во картонска цевка за постер.

Изрекувајќи ја пресудата, судијата Николас Прим изјави дека злосторствата на Греј покажуваат „трајна непоправливост“ и дека не покажува никакво каење.

- Advertisement -
Ad image

– Вашите злосторства одразуваат трајна непоправливост. Се чини дека не ве загрижува она што го направивте. Изгледа дека уживате што ги следите стапките на убијците што ги идолизиравте – рече судијата.

Обвинителството на рочиштето презентираше снимки од телефонски разговори направени неколку недели по нападот, во кои Греј ја прашува мајка си како јавноста реагира на неговото злосторство. Во еден разговор тој се смее и вели дека „стигнал до големите лиги“, што обвинителите го искористија како доказ дека единствената негова цел била да стане озлогласен како другите училишни напаѓачи на кои им се восхитувал.

Фото: Принтскрин

Одбраната, пак, тврдеше дека Греј пораснал во тешки семејни услови, со родители зависни од дрога кои го занемарувале, поради што подлегнал на влијанието на интернет-заедници што го величаат насилството.

Во посебен процес, таткото на Колт Греј во март беше прогласен за виновен бидејќи му го подарил оружјето на својот син и покрај, како што наведоа обвинителите, бројните предупредувачки знаци. Изрекувањето на неговата казна е закажано за в четврток. Ова е еден од ретките случаи во САД во кои родител кривично одговара за масовно училишно пукање извршено од неговото дете.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation