Студентите во Албанија најавија промена на стратегијата на протестите по повеќе од 150 дена демонстрации. Отсега ќе организираат два национални протеста неделно – секоја среда и сабота, со почеток во 14 часот.
Студентското движење соопшти дека првиот протест според новиот распоред ќе се одржи в сабота, на 7 ноември, пред Министерството за образование, пренесува „Euronews Albania“.
Организаторите наведуваат дека повеќемесечните протести сè уште не донеле одговор од властите на нивното главно барање – оставка од албанскиот премиер Еди Рама.
„По повеќе од 150 дена непрекинати протести, власта во Албанија и понатаму го игнорира барањето на граѓанскиот бунт – оставка од премиерот Еди Рама“, се наведува во соопштението.
Студентите оценуваат дека политичката ситуација во земјата е обележана со автократско владеење и порачуваат дека се подготвени за долготрајна борба.
Како што истакнуваат, промената на стратегијата има цел да ја зајакне студентската мрежа и да ги мобилизира граѓаните, со цел протестите да имаат посилно и поконтинуирано влијание.
Во соопштението наведуваат и дека ќе продолжат да ги поддржуваат сите други граѓански протести против владата, без оглед на датумот на нивното одржување. Студентите порачуваат дека борбата за демократија во Албанија продолжува и дека нема да се откажат од своите барања.
„Борбата на Албанците за демократија продолжува. Автократијата ќе падне, исто како што падна и диктатурата“, порачаа организаторите на студентските протести.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
