Екипата на турскиот гигант Фенербахче на необичен начин го промовираше своето најново засилување.
Станува збор за словачкиот интернационалец Милан Шкриниар, кој од ПСЖ се сели во Истанбул.
Шкриниар беше промовиран во авионот во кој од Париз требаше да лета кон Истанбул, за да го комплетира потписот на договорот.
Со тоа Жозе Мурињо добива екстра засилување за вториот дел од сезоната.