Жолто предупредување за невреме со силен ветер издаде Управата за хидрометеоролошки работи.
„Утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно, наместа со пороен дожд и со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења и силен ветер од западен правец, со брзина над 60 километри на час, а повремено ќе дува со брзина над 80 километри на час и со услови за појава на град“, се вели во предупредувањето на УХМР.
Претпладне времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди,
Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до 7 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура до 31 степен.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево, а попладне нестабилно во делови од котлината со пороен дожд, засилен ветер и со грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 10 до 28 степени.
И во следните денови нè очекува слично време.
За време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови со локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
