Во канадската провинција Алберта е распишан референдум за отцепување од Канада кој ќе се одржи на 19 октомври. Премиерот на Канада, Марк Карни ги повика жителите на Алберта да гласаат против.
„Референдумот е распишан за 19 октомври, а на него граѓаните ќе одлучуваат дали владата на Алберта треба да започне правна постапка за организирање иден референдум за независност.“
– Референдумот доаѓа во најлошиот можен момент. Светот станува се поопасен и поделен. Има такви надвор од нашите граници, кои се обидуваат да нè поделат и да нè стават под своја контрола – истакна Карни вчера на митинг во Калгари, на кој учествуваа околу 5.000 луѓе.

Тој не ги спомна САД, но алудираше на трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп со Канада и неговите постојани закани дека земјата ќе стане 51-ва американска држава.
Гласањето в понеделник нема да биде директен референдум за независност. Жителите на Алберта ќе одлучат дали покраината треба да остане дел од Канада или пак покраинската влада да започне правен процес за организирање референдум за отцепување. Граѓаните избираат меѓу првата и втората опција.
Карни призна дека многу жители на Алберта се легитимно незадоволни од федералните политики, но предупреди дека гласањето за отцепување би довело до години длабока поделба и неизвесност.
Премиерката на Алберта, Даниел Смит, која го организира референдумот, посочи дека Алберта ќе остане дел од Канада. Сепак, сепаратистичките групи веруваат дека гласањето би можело да ја зајакне позицијата на Алберта во преговорите со федералната влада во Отава.
Економски најзначајна провинција на Канада
Алберта е една од десетте канадски провинции, сместена во западниот дел на земјата, со главен град Едмонтон и најголем град Калгари. Таа е меѓу економски најзначајните провинции на Канада, пред сè поради големите резерви на нафта и природен гас, но и развиеното земјоделство. Економската зависност од енергетскиот сектор придонесува за силен конзервативен политички идентитет и за долготрајно незадоволство од федералните политики во Отава.

Идејата за отцепување не е нова. Нејзините корени се поврзани со таканареченото „западноканадско отуѓување“, односно чувството дека федералната власт ги занемарува интересите на западните провинции. Незадоволството особено се засили во 1980-тите, кога владата на премиерот Пјер Трудо ја воведе Националната енергетска програма, со која настојуваше да ја зголеми контролата врз енергетскиот сектор. Во Алберта, мерките беа доживеани како мешање на Отава во клучната индустрија на провинцијата.
Засилување на сепаратизмот
Во последните години, сепаратистичките идеи повторно добија замав поради споровите околу климатските политики, регулацијата на нафтената индустрија и распределбата на федералните приходи.

Поддржувачите на независноста сметаат дека Алберта придонесува значително за канадската економија, но нема соодветно влијание врз одлуките што ја засегаат. Сепак, незадоволството од федералната власт не значи нужно и поддршка за независност: многумина бараат поголема автономија, но во рамките на Канада.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
