Официјална Москва порача дека запленувањето на нафтениот танкер Тагор, од страна на француската морнарица, го смета за незаконски чин кој се граничи со пиратство, јавија руски медиуми.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави денеска дека Русија ќе преземе мерки за да ја обезбеди сигурноста на бродскиот товар како одговор на инцидентот.
Капетанот на нафтениот танкер Тагор, кој е под европски санкции и беше запленет во неделата во централниот дел на Атлантскиот Океан, „повеќепати одбил да ги послуша наредбите на француската морнарица“, соопшти во понеделникот Обвинителството во Брест, додавајќи дека „преземањето контрола врз пловилото било неопходно“.
Капетанот се изјаснил како „руски државјанин“, изјави обвинителот во Брест, Стефан Келенбергер, во соопштение за јавноста.
Обвинителството соопшти дека е отворена кривична истрага поради „неприложување докази за националноста на пловилото“, „неистакнување знаме“ и „одбивање да се постапи по законска наредба“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
