Зголемен е бројот на пациенти со сезонски грип, бактериски инфекции, бронхитис и пневмонија во Скопје и во другите градови низ земјата

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Зголемен е бројот на пациенти со сезонски грип, бактериски инфекции, бронхитис и пневмонија во Скопје и во другите градови низ земјата. Амбулантите се полни со пациенти со проблеми со респираторниот тракт, додека вирусните инфекции и грипот се активни како што е вообичаено во овој период од годината.

Скопјанец хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје го сподели своето искуство со пневмонија.

– Веќе неколку дена се борев со висока температура и слабост. Прво ми беше препишана венска терапија, па секој ден одев во амбуланта за да ја примам. Се надевав дека ќе ми биде подобро, но температурата не престануваше да се качува до 38-39 степени. Почнав да се чувствувам сè послаб, па мојот матичен лекар ме упати на Инфективна клиника. Тука ме хоспитализираа веднаш бидејќи состојбата ми се влоши. Лекарите потврдија дека се работи за напредната пневмонија. Благодарен сум што сега сум под постојан надзор, но искрено, ова беше исклучително тешко искуство. Апелирам до сите да не ја игнорираат болеста и веднаш да побараат помош ако почувствуваат симптоми  – вели скопјанецот Горан.

Директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, за Плусинфо изјави дека моменталната ситуација со респираторните инфекции е доста мирна во споредба со претходните години.

– Има зголемен број на прегледи за лица со симптоми на горнореспираторни инфекции, но не во значителна мера, и не се забележува поголем наплив од вообичаено. Се подготвуваме за зголемен број на заболени со вакви инфекции, но за сега, ситуацијата е под контрола. Добро е што учениците се на распуст, па ширењето на инфекциите е забавено – рече д-р Цана за Плусинфо.

Претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова-Дервишова, потврди дека матичните лекари имаат зголемен обем на работа, особено по празниците.

– Во овој период, секогаш имаме зголемување на бројот на пациенти. Многу празници, луѓето се облекуваат полесно, има бактериски инфекции, настинки и алергиски реакции на респираторните органи поради алергените во воздухот. Загаденоста е огромна – додаде Чолакова-Дервишова.

Таа апелираше до сите да се облекуваат топло, да избегнуваат места со висока загаденост, да пијат топли напитоци и да се јават на време кај матичниот лекар. Хроничните пациенти треба редовно да ја земаат својата терапија.

Матичниот лекар Драган Ѓоргиевски се соочил со неможноста да упати пациент на рендген. Тој сподели на Фејсбук дека ги проверил сите скопски државни поликлиники и наишол на огромни проблеми.

- Advertisement -
Ad image

– Амбулантите се преполни со пациенти заболени од грип, бактерии, бронхитис и пневмонија. Меѓутоа, за дијагностицирање на пневмонија потребен е рентген, но голем број рендген апарати не работат или се недостапни. Почнав од поликлиниката Јане Сандански, каде рендген апаратот не работеше. Поликлиниката за радиологија ги блокираше итните посети, а пневмонијата е итна состојба. Дури и Градската општа болница „8 Септември“ беше недостапна – напиша д-р Ѓоргиевски.

Според него, поликлиниките во Идадија, Букурешт, Чаир и Битпазар исто така не можеле да им помогнат на пациентите. Единствено решение била поликлиниката во Ѓорче Петров, но таму разбирливо имало големи гужви.

– Оваа ситуација е крајно неправедна за граѓаните на Скопје. Во сезона на грип и зголемен број на пневмонии, речиси сите амбуланти се блокирани. Потребна е итна реорганизација на здравствениот систем за да можеме да одговориме на потребите на пациентите – истакна д-р Ѓоргиевски.

- Advertisement -
Ad image

Д-р Олга Спасова од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај деца „Козле“ истакна дека бројот на пациенти е зголемен поради сезоната на грип, но дека болницата функционира непречено.

– Во текот на продолжениот празничен викенд, Клиниката беше засилено екипирана за да се справи со зголемениот број на пациенти. Во моментов имаме 80 пациенти, од кои 60 се хоспитализирани, а 20 се згрижени во дневната болница. Очекуваме пикот на сезоната на грипот да биде на крајот од јануари или во почетокот на февруари – изјави д-р Спасова за Плусинфо.

Таа додава дека е нормално да има зголемување на бројот на прегледи во овој период од годината, како што било и минатата година.

– Зголемениот број пациенти е типичен за сезоната на респираторни заболувања. Оваа состојба не е исклучиво поврзана со загадените градови, туку и во места каде што нема загадување – истакна д-р Спасова.

Зголемениот број пациенти со респираторни инфекции и грип продолжува да врши притисок врз здравствениот систем, но болниците, како што вели д-р Спасова, остануваат подготвени да се справат со предизвиците.

На Детска клиника дневно се прегледуваат до 200 деца 

Празничниот период ја наполни Детската клиника во Скопје, каде што дневно се прегледуваат до 200 деца со симптоми на сезонски грип, респираторни инфекции и цревни заболувања.

Според директорот на Детската клиника во Скопје, д-р Реџеп Мемеди, повеќето пациенти имаат полесни симптоми и можат да се лекуваат амбулантски.

– Бројот стигнува и до 200 пациенти за време на 24-часовно дежурство. Најголем дел од нив имаат респираторна симптоматологија, вирусни инфекции или цревни заболувања. Апелираме родителите да ги заштитат децата од контакт со лица со симптоми на грип, да обезбедат внес на течности и витамини – истакна д-р Мемеди.

Share This Article