Background

ЗЕЛЕНСКИ ИСПРАТИ ИТНО ДРАМАТИЧНО ПИСМО ДО ТРАМП

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое го предупредува за растечкиот недостиг на украински системи за противвоздушна одбрана, особено антибалистички одбранбени капацитети, пишуваат украиснките медиуми.

Апелот доаѓа во време кога Русија ги засилува масовните воздушни напади врз Украина и јавно се заканува со нов бран напади со долг дострел врз Киев, вклучително и напади врз места опишани како „центри за донесување одлуки“ на Украина.

„За противвоздушната ракетна одбрана, ние се потпираме на нашите пријатели. Но, кога станува збор за балистичка ракетна одбрана, ние зависиме речиси исклучиво од Соединетите Американски Држави“, се вели во писмото од Зеленски до Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Украинските власти стравуваат дека ограничените залихи на пресретнувачките ракети „Патриот“ и други системи од Западот тешко би можеле да го издржат сегашното ниво на бомбардирање.

„Ве молам помогнете“

Според официјалните лица, амбасадорката на Украина во САД, Олха Стефанишина, го доставила писмото до Белата куќа, до претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон и до други членови на Конгресот.

Во писмото, исто така, е нагласена растечката загриженост на Киев поради тешкотиите во набавката на оружје преку програмата „Приоритетна листа на барања за Украина“ (PURL), која им овозможува на сојузниците на НАТО да финансираат купување американско оружје за Украина.

„Сегашната динамика на испораките преку програмата PURL повеќе не одговара на реалната закана со која се соочуваме. Ве молам помогнете да се заштити украинското небо од руските ракети“, пишува Зеленски.

Во име на украинскиот народ, додава тој, со почит го молам претседателот и американскиот Конгрес да останат ангажирани.

„И да ни помогнат да ја обезбедиме оваа клучна алатка за заштита од рускиот терор – ракетите Патриот ПАК-3 и дополнителните системи, за да ги запреме руските балистички ракети и другите ракетни напади“, апелира украинскиот претседател.

Зголемен притисок врз противвоздушната одбрана

Најновиот голем напад на Русија дополнително го истакна растечкиот притисок врз воздушната одбрана на Украина. Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили за време на масовниот ноќен напад на 24 мај лансирале 90 ракети и 600 дронови.

На 16 април Зеленски му нареди на командантот на воздухопловните сили, Микола Олешчук, итно да контактира со партнерските земји кои ветија ракети „Патриот“ и други залихи од воздушната одбрана, со оглед на тоа што украиснките залихи на пресретнувачите се намалуваат. Таа директива следеше по предупредувањето на Зеленски дека залихите на ракети „Патриот“ произведени во САД достигнале критично ниво.

Москва ги засилува своите закани

На 25 мај Русија објави планови за нова серија масовни напади со долг дострел врз Киев, опишувајќи ги како одмазда за украинскиот напад во Луганск.

Русија тврди дека украинскиот напад погодил студентски дом, а Киев вели дека целта бил руски команден центар за беспилотни летала.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му соопшти на американскиот државен секретар Марко Рубио во телефонски разговор на 25 мај дека Москва планира напади врз украинските „центри за донесување одлуки“ и го повика Вашингтон да ја евакуира американската амбасада во Киев.

Во своето писмо Зеленски изрази уверување дека небото над Украина може да се заштити.

„Повеќето руски ракети можат да бидат запрени“, му напиша тој на Трамп.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation