Оваа војна одамна излезе од воените ровови и се распространи во економијата, енергетиката, спортот, културата, а сега треба да ја опфати и религијата – јас мислам дека времето на крстоносните војни заврши, а Бугарија отсекогаш стоела зад своите приоритети, рече денеска бугарскиот премиер Румен Радев во врска со ставот на Бугарија дека нема да ги поддржи најновите европски санкции против Русија и против рускиот патријарх Кирил.
– Нема да дозволиме санкции што негативно би се одразиле врз бугарската економија. Ќе разберете како ќе гласа Бугарија откако ќе ги разгледаме сите специфики со моите колеги од ЕУ – рече Радев за најавениот 21. пакет санкции од ЕУ кон Москва.
На кој начин санкциите досега ја запреа војната, на кој начин овие санкции досега помогнаа во воспоставување на мирот, додаде бугарскиот премиер.
Тој потсети дека во минатото Бугарија успеа да спречи санкции против руската државна нуклеарна корпорација Росатом, што, инак, би создало сериозни проблеми за бугарската нуклеарна енергетска индустрија.
Прашан за можните санкции против рускиот патријарх Кирил, Радев рече дека е загрижен за проширувањето на политиката на санкции во религиозната сфера.
– Каква порака даваме кога ги прошируваме санкциите и војната на религијата? Дали сфаќаме каде води ова – праша тој.
Додаде дека не го интересира личноста на рускиот патријарх, туку последиците за верниците.
– Ме интересира фактот дека тој е поглавар на Руската православна црква, која е источноправославна како нашата црква. Ме интересираат сите овие милиони луѓе што се во оваа црква – рече Радев.
На прашањето дали ќе го осуди нападот врз Киевско-Печорската лавра, Радев одговори:
– Го осудувам секој напад врз цивилни објекти.
Tagged as:
Заврши времето на крстоносните војни порача Радев
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
