Background

Завршен е ископ на 6 милиони кубни метри ископ и 2 кубни метри насип

Имаме активен напредок во изградбата на повеќе од 50 километри од трасата на автопатите на коридорите 8 и 10 д – изјави денеска Џош Бејкер, главен проектен менаџер на „Бехтел и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д, а кој пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски ги претстави досегашните активности.

Бејкер посочи дека досега се завршени активности за повеќе од 6 милиони кубни метри ископ, 2 милиони кубни метри насип, како и 100.000 кубни метри бетон.

-Сè ова, посочи, го постигнавме со поддршка на повеќе од  340 локални подизведувачи, а оваа бројка ќе продолжи да се зголемува како што напредува работата. Спроведовме над 11.000 часа обука за безбедност и вештини, која им се нуди на сите што работат на проектот – рече Бејкер.

- Advertisement -
Ad image

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, активно се работи, особено на делницата од Гостивар кон Бокојчани.

– Оваа делница во најголемиот дел е планинска со многу мостови, многу вијадукти и многу косини што треба да се прават, меѓутоа има фронт за работа. Од вкупно 31 километар, на 11 километри има фронт за работа, а на другиот дел усвоен е урбанистчкиот план, направени се елаборатите за експропријација, веќе се дадени во соодветните подрачни единици на Министерството за финансии, односно во делот на имотноправните односи. Значи, активно почнуваме да ги решаваме преостанатите километри од тие 11 до 31 километар. Можам да кажам дека ние не го кочиме „Бехтел и Енка“, туку секогаш сме пред него по пет-шест километри за да може непречено да работат – изјави Трајановски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation