Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од утре 18.09.2026 година (петок) целосно за сообраќај ќе биде затворен дел од улицата „7- ми Ноември“ и тоа од пресекот на оваа улица со ул. „Егејска“ па се до пресекот на оваа улица со ул. „Марко Нестороски“. Времената забрана за сообраќај ќе трае до завршување на градежните работи.
Во периодот додека трае забраната на улиците „7- ми Ноември“ (во останатиот дел од улицата) како и на улицата „Марко Нестороски“ нема да се одвива автобуски сообраќај и истиот ќе се пренасочува по улиците „Железничка“ и „ Питу Гули“ како и по булеварот „Туристичка“.
Товарниот сообраќај ќе се одвива исклучиво преку улиците „Егејска“ и „ Марко Нестороски“ .
Согласно динамиката на одвивање на градежните работи пешачкиот сообраќај на делот од улицата „7- ми Ноември“ каде ќе се одвиваат градежните работи, ќе се одвива согласно поставената времена сообраќајна сигнализација по дневна основа .
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон воспоставениот времен режим на сообраќај и воедно по можност за да го избегнуваат за сообраќај овој дел од градот.
Tagged as:
ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „7-МИ НОМВРИ“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
