Кошаркар од Скопје пријавил дека во подземна гаража на зграда во општина Аеродром пронашол ливче со заканувачка порака, а ова не е првпат да добива закани поврзани со клубот во кој настапува.
Станува збор за К.Н. (30), кој на 15 ноември во 21:15 часот го пријавил случајот во СВР Скопје. Според пријавеното, ливчето го пронашол на своето патничко возило, паркирано во подземната гаража.
К.Н. пријавил и дека претходниот месец добил порака со заканувачка содржина на социјална мрежа. И таа, како и пораката пронајдена во гаражата, била поврзана со кошаркарскиот клуб во кој сега настапува.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Инцидентот доаѓа во период кога вниманието на кошаркарската јавност е насочено кон дербито меѓу „Работнички“ и „МЗТ Скопје“. Сепак, засега нема официјална потврда кој стои зад заканите, ниту дали тие се поврзани со навивачки групи или со претстојниот натпревар.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
