Background

ЗАГРЕБ Ѝ ПОСТАВИ НЕКОЛКУ УСЛОВИ НА ЦРНА ГОРА

Хрватска испрати документ до земјите-членки на Европската Унија во кој бара Црна Гора да ги реши отворените билатерални прашања пред да стане членка на Унијата. Споровите главно се однесуваат на последиците од војните во 1990-тите, човековите права и владеењето на правото, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Во документот, до кој дошле новинарите на РСЕ, Загреб наведува дека решавањето на спорните прашања е неопходно за затворање на поглавјата 23, за судството и фундаменталните права, и 31, за надворешната и безбедносната политика. Хрватска предупредува дека без опиплив напредок ќе биде тешко да се обезбеди широка политичка и јавна поддршка во земјата за ратификација на договорот за пристапување на Црна Гора.

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман по состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Луксембург на 12 октомври порача дека Загреб нема да се откаже од барањата, поврзувајќи ги со наследството од распадот на Југославија и војната во Хрватска во 1990-тите.

- Advertisement -
Ad image

– Тука зборуваме и за владеењето на правото. Ова се фундаментални права. Во овие 20 или 35 години, ниту едно прашање не е затворено – изјави Грлиќ Радман.

Хрватска тврди дека со години ја поддржува европската интеграција на Црна Гора, но дека „неочекувани еднострани потези“ на црногорските власти повторно ги разгореле историските тензии и ја довеле во прашање поддршката за нејзиното членство.

Загреб наведува дека уште во декември 2023 година ѝ доставил на Подгорица неформален документ со список на отворени прашања, а во меѓувреме се одржале повеќе билатерални консултации. Сепак, според хрватскиот документ, ниту едно од спорните прашања досега не е решено.

Црна Гора досега привремено затворила 21 од вкупно 33 преговарачки поглавја, а уште 12 треба да бидат затворени. Владата во Подгорица сака да ги заврши преговорите до крајот на годинава, додека европски претставници сè почесто го споменуваат почетокот на 2027 година како можен рок.

Во април, земјите-членки го одобрија почетокот на подготовката на договорот за пристапување на Црна Гора. Европската комесарка за проширување Марта Кос тогаш посочи дека договорот би можел да биде потпишан во летото 2027 година.

Бидејќи одлуките за затворање на преговарачките поглавја и договорот за пристапување бараат согласност од сите земји-членки, Хрватска има можност да го условува напредокот на Црна Гора со решавање на билатералните спорови. Загреб, сепак, тврди дека целта не му е да го блокира соседот, туку да ги реши прашањата што ги смета за важни и остварливи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖