Загинаа 7 лица во два израелски напади врз Газа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
People gather around a bus hit by an Israeli strike which led to casualties, in the Mawasi area west of Khan Yunis city in the southern Gaza Strip on December 23, 2024, amid the ongoing war between Israel and the Palestinian Hamas movement. (Photo by BASHAR TALEB / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Најмалку 7 лица загинаа во два израелски напади во Појасот Газа утринава, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија, неколку часа по објавувањето на прекинот на огнот што треба да стапи на сила в недела.

Во бомбашки напад на куќа во населбата Римал во градот Газа загинаа пет лица, а повеќе од 10 се ранети, се наведува во соопштението на Цивилната одбрана.

Во центарот на Газа, две лица загинаа кога израелски напад погоди зграда.

Цивилната одбрана објави 20 смртни случаи во израелските напади во три одделни напади минатата ноќ, откако Катар и САД објавија дека е постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Договорот предвидува прекин на огнот почнувајќи од недела, ослободување на 33 израелски заложници во замена за 1.000 палестински затвореници и зголемена хуманитарна помош.

Share This Article