Загинаа 4 лица, а најмалку 20 луѓе се повредени во руски воздушен напад, при што се оштетени станбени и административни згради во украинскиот град Изум во североисточниот регион Харков.
– Руските сили извршија балистички ракетен напад врз централна област на градот – објави регионалниот гувернер, Олег Синегубов, на Телеграм.
Тој додаде дека најмалку 1 лице е затрупано под урнатините.
Според Синегубов, причинета е штета на петкатница, а неколку административни згради се делумно уништени.
Регионот Харков, кој граничи со Русија, честопати е цел на руски воздушни напади.