Background

За време на гостувањето во подкастот на Пол Ц. Брансон „We Need To Talk“, 53-годишниот рапер Акон ги откри деталите за својата врска со жените што ги нарекува свои сопруги и призна дека постојат строги правила за нив

За време на гостувањето во подкастот на Пол Ц. Брансон „We Need To Talk“, 53-годишниот рапер Акон ги откри деталите за својата врска со жените што ги нарекува свои сопруги и призна дека постојат строги правила за нив.

Иако Акон никогаш официјално не потврдил точно колку сопруги има, уште во 2023 година, една од жените со кои е поврзан тврдеше во едно интервју дека има четири. За време на новото интервју, Брансон директно го праша дали неговите партнерки смеат да имаат и други романтични врски.

– Не – кратко одговори музичарот.

- Advertisement -
Ad image

Водителот потоа го праша зошто само тој може да има повеќе партнерки, додека на нив не им е дозволено, но Акон не сакаше дополнително да објаснува.

– Само јас – рече тој со насмевка.

 

За време на интервјуто, тој се обиде да објасни како функционира неговата семејна динамика и тврдеше дека таков начин на живот е всушност покорисен за жените отколку за мажите.

– Кога семејството е толку организирано и поврзано, придобивките се поголеми за жените отколку за мажите. Мажот мора да се грижи за сите нив и да се однесува кон нив подеднакво – рече тој.

Додаде дека неговите партнерки ги делат домашните обврски и грижата за децата.

– Тие можат да ги менуваат улогите во куќата, без разлика дали станува збор за готвење, чистење или чување деца. Едната може да оди на одмор, додека другата ги презема одговорностите – објасни тој.

 

Особена бура на социјалните мрежи предизвика неговата изјава:

– Улогата на жената е да управува со домаќинството.

Во текот на интервјуто, Акон ги нарекуваше своите партнерки „сестри“ и нагласи дека не треба да има фаворизирање меѓу нив, бидејќи, како што тврди, таков однос не функционира поинаку.

Сепак, кога Брансон го праша кој е неговиот контакт за итни случаи, музичарот ја издвои својата прва сопруга без многу размислување.

– Тоа е мојата прва жена, без оглед на се. Таа е причината поради која воопшто и сте добиле втора, трета или четврта – рече тој.

Без оглед на различните мислења за неговиот начин на живот, многумина во коментарите особено „се фатија“ за изјавата на Акон дека само нему му е дозволено да има повеќе партнери, додека неговите жени не можат. Некои признаа дека биле изненадени, но и заинтригирани од неговиот начин на живот.

– Дали сум луда што мислам дека ова е всушност добар систем? – напиша една корисничка, додека друга на шега рече: „О, сакам да бидам една од неговите жени“.

Сепак, голем број коментари беа исклучително критични кон неговите ставови за жените и врските.

Многумина особено го осудија начинот на кој Акон зборуваше за улогата на жените во домаќинството: „Фактот што на ова му се дава простор во медиумите, со смеа и аплауз, е вистинска штета“, гласеше еден коментар.

Музичарот, чие вистинско име е Алиун Бадара Тиам, бил поврзуван со голем број жени во текот на годините, вклучувајќи ги Томека Тиам, Триша Ана, Розина Брук и Амира-Иман Тиам, иако повеќето од овие врски никогаш не се официјално потврдени.

Акон има девет деца со повеќе партнерки, а неговиот приватен живот доби дополнителен фокус минатата година, кога неговата долгогодишна сопруга Томека Тиам поднесе барање за развод по речиси три децении брак. Таа како причина ги наведе непомирливите разлики.

Неговите изјави брзо ги преплавија социјалните медиуми, при што многу корисници ги критикуваа правилата што важат за неговите партнерки, додека други дискутираа за неговите ставови за врските, бракот и улогата на жените во семејството, објавува The Sun.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation