Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа денеска се заложи за построги санкции на Европска Унија против Русија.
Според него, рускиот претседател Владимир Путин го врти целиот свет против себе и навистина заслужува многу построги санкции од оние што се во сила во моментов.
– Навистина се надевам дека нашите колеги во ЕУ ќе разберат дека 17-тиот пакет санкции беше само загревање. Мораме да го подготвиме 18-тиот пакет санкции што би наликувал на молотов коктел.
Литванија, која е членка на ЕУ и на НАТО, е еден од најгласните поддржувачи на Украина на меѓународна сцена.
ЕУ минатата недела го воведе 17. пакет санкции против Русија, меѓу кои и дополнителни ограничувања за така наречената флота во сенка, што Русија ја користи за транспорт на нафта и нафтени деривати.