За концертот на хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон на загрепскиот Хиподром се продадени 281.774 билети, со што официјално стана концертот со најмногу продадени билети во светот, во историјата.
„Овој неверојатен успех на светско ниво станува уште пофасцинантен ако се земе предвид дека концертот беше распродаден за помалку од 24 часа, а речиси половина од сите билети беа продадени за помалку од 6 часа“, соопштија од платформата Ентрио.
Рекордот за најголем концерт со продадени билети досега го држеше италијанскиот музичар Васко Роси, кој во 2017 година за својот концерт во Модена, во паркот Енцо Ферари, продаде 225.173 билети. Томпсон го надмина тој рекорд со дури 25% повеќе продадени билети.
Инженерскиот тим на Ентрио работел активно речиси 30 часа без престан. За време на досега невидената навалица на фанови за купување билети, тимот работел на оптимизација на серверската инфраструктура, решавање низа технички предизвици, максимизирање на продажбата, отстранување 3 силни хакерски напади и обезбедување непречено функционирање на стотици други настани што се продавале истовремено на 3 пазари. Сето тоа предизвикало повремено отежнат пристап до системот и редици на продажните места, што било сосема очекувано со оглед на размерите на оваа продажба.
Притисокот на продажбата траел цела ноќ, стотици билети се продавале секоја минута, а дури и во најмирниот момент, околу 4.30 часот, во виртуелната чекалница сѐ уште имало над 20.000 луѓе.
Истовремено, тимот за корисничка поддршка на Ентрио примил илјадници барања преку различни канали, на кои и понатаму посветено одговара за да се решат сите прашања на купувачите во најкраток можен рок.
„Исклучително сме горди на целиот наш инженерски и оперативен тим бидејќи ни овозможи да испишеме историја и да урнеме ваков светски рекорд. Честитки до Томпсон и до неговиот менаџмент за овој извонреден светски успех и благодарност за довербата и за оваа уште една успешна соработка. Благодарност и до сите наши организатори, продажни места и купувачи за трпението и за разбирањето“, соопштија од Ентрио.
Марко Перковиќ, познат под прекарот Томпсон, е хрватски музичар кој од 1991 година е главен вокал на групата Томспон.
Учествувал во Војната во Хрватска (1991–1995), за време на која ја започнал својата кариера со националистичката песна „Бојна Чавоглаве“. Во 2002 година ја започнува својата прва голема турнеја по објавувањето на албумот „Е, мој народе“. Од 2005 година организира неофицијална прослава на Денот на победата во родното место Чавоглави.
Во текот на својата кариера, Перковиќ предизвикал контроверзии во медиумите поради своите настапи и песни.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
