Background

ЗА ЕДНА ГОДИНА ВНАТРЕШНИОТ ДОЛГ ПОРАСНАЛ ЗА 217 МИЛИОНИ ЕВРА

На годишно ниво Јавните претпријатија формирани од државата и фирмите во државна сопственост значајно го набилдаа внатрешниот долг, со пораст од повеќе од  217 милиони евра. Зголемување на доспеаните, а неплатени обврски пријавиле и општинските јавни претпријатија и општините. Според пресметката на Порталб само три фирми во државна сопственост генерираат дури 38% од вкупниот внатрешен долг.

Јавните државни и локални претпријатија лидери според долгот

На крајот од 2024 вкупниот внатрешен долг изнесувал 626,3 што е за 217,4 милиони евра повеќе од доспеаниот долг пријавен во 2023 година. Новите сумирани податоци за 2024 година покажуваат дека на годишно ниво доспеаните, а неплатени внатрешни обврски се зголемиле во скоро сите групи на субјекти и на централно и на локално ниво. Тренд на намалување на долгот има на полугодишно ниво – на крајот на првата половина од 2024 година внатрешните обврски изнесувале 660,8 милиони евра и во однос на второто економско полугодие се намалени за 34,5 милиони евра.

- Advertisement -
Ad image

На годишно ниво покажува дека повеќе од двојно е зголемен доспеаниот долг на јавните претпријатија и на трговските друштва во државна сопственост, од 167,5 милиони евра во 2023 година тој се зголемил на  343,5 милиони евра во 2024.

Според висината на долгот на второ место се општинските јавни претпријатија кои на крајот од минатата година исто така значајно го зголемиле долгот во однос на 2023 – пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 113,7 милиони евра што е за скоро 38 милиони евра зголемување во однос на декември 2023 година.

Jавното здравство го намалува долгот

Општините со доспеани, а неплатени обврски во износ од 60,7 милиони евра се трети на листата субјекти со највисок долг и обврските во однос на крајот од минатата година се зголемиле за 2 милиони евра.

Јавното здравство за една година го намалило долгот за скоро 7 милиони евра, со што тој на крајот од минатата година изнесувал 54,4 милиони евра но и покрај намалувањето овој сектор и натаму котира високо според износот на доспеани а неплатени обврски. Останатиот дел од внатрешниот долг отпаѓа на буџетските корисници од прва и втора линија (министерства, агенции, институции од образование, култура, социјална политика..), потоа на регулаторните тела, планските региони.

За што најмногу се должи? 

Новите сумирани податоци за 2024 та покажуваат дека највисоките должнички износи се за комунални услуги, греење, комуникации и по овој основ доспеаните долгови достигнале 120 милиони евра, по основ  на главнина за заеми кон други нивоа на власт долгот достигнал скоро 113 милиони евра а долгот по основ на други тековни расходи изнесувал 69,4 милиони.

По основ на договорни услуги долгот изнесувал 58,6 милиони евра а за материјали и ситен инвентар биле пријавен доспеаните а неплатени обврски од 58,2 милиони евра.

На новата должничка листа на Министерството за финансии на прв место со долг од 112,8 милиони евра е државната „Номагас“, на второ место е државната „МЖ Транспорт“ со 69,2 милиони евра а на трето место е „МЖ Инфраструктура“ со пријавени доспеани, а неплатени обврски во износ од 58,8 милиони евра.

Пресметката покажува дека само на овие три фирми во државна сопственост отпаѓа дури 38,4% од вкупниот долг.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation