Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, идната недела ќе биде во Брисел на состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, каде една од темите на разговор ќе биде состојбата во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Информацијата за средбата денеска ја пренесоа белградски медиуми кои наведуваат дека за тоа потврда има од Брисел, од главната портпаролка на ЕК, Пола Пињо.
– Многу внимателно ја следевме ситуацијата во Србија и ги охрабривме сите засегнати страни, вклучително и граѓанското општество, да најдат начин да ги унапредат реформите што се неопходни за европската иднина на Србија. Ова е дел од она што ќе се разговара на средбата меѓу претседателката Фон дер Лајен и претседателот Вучиќ – рече Пињо на брифинг.
На прашањето дали Фон дер Лајен добила писмо од 31 пратеник во Европскиот парламент со барање за откажување на средбата со Вучиќ, Пињо рече дека писмото е примено и додаде дека средбата се смета за можност да се разговара за прашањата што ги покренале европратениците.
Tagged as:
ВУЧИЌ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ФОН ДЕР ЛАЈЕН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
