Во рамки на унгарско-македонскиот самит остварив средба со премиерот Виктор Орбан, при што разговаравме за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Делегација од десетина министри вчера и денеска присуствува во Будимпешта, каде ќе се одржи заедничка унгарско-македонска владина седница. Покрај средбата на премиерите Мицкоскии Орбан, се одржуваат и повеќе билатерални средби меѓу ресорните министри.
Владиниот самит почна вчера со средбата на министрите за надворешна политика и трговија Тимчо Муцунски и Петер Сијарто. По средбата Сијарто уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување во ЕУ и обвини дека „голем број држави лицемерно се однесуваат“.
– Постојано слушаме дека одлуката за членство во ЕУ треба да биде заснована на заслуги и Унгарија се согласува со тоа, но овој принцип треба да се применува кон сите. Не може да се смета за заслуга ако има несогласувања меѓу држава земја членка на ЕУ и земја кандидат. Како што видовте, ние секогаш сме се залагале за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ – рече Сијарто.
Министерот Муцунски оцени дека во врка со евроинтеграциите земјата се наоѓа на клучен крстопат, бидејќи и покрај донесените бројни тешки и невообичаени одлуки, со надеж дека ќе го оствариме сонот за приклучување кон европското семејство, ние уште сме во чекалната на ЕУ.
Двајцата министри се осврнаа и на конфликтот во Украина и обидите за негово решавање од новата аминистрација на САД и претседателот Доналд Трамп. Сијарто нагласи дека двете земји се за мир во Украина што го покажале со поддршката на Резолуцијата на САД во ОН.
– Ние и Република Македонија сме на страната на мирот. Го поддржуваме претседателот Трамп и исто така успехот на американско-руските разговори, бидејќи јасно гледаме дека мирот може да се постигне само преку американско-руски договор. Македонците и Унгарците сме заинтересирани за враќањето на мирот и тоа го покажува нашата соработка од минатата недела во ОН кога ја поддржавме Резолуцијата на САД. На крајот беше усвоен предлогот на САД – рече Сијарто.
Tagged as:
Втора македонско-унгарска владина седница
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
