Со поетски читањa на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година и портрет на минатогодишната добитничка на ова признание, Јулијана Величковска, денеска продолжува вториот ден од 65-тите Струшки вечери на поезијата.
На програмата е и портрет на Даниел Хајндс, лауреат на наградата „Мостови на Струга“ за 2026 година, што заеднички ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО.
Ќе бидат промовирани книгите од едицијата „Плејади“ на Питер Мекеј од Шкотска, Луис Гарсија Монтеро од Шпанија и Шји Чуан од Кина и книгата со интервјуа „Венценосци – разговори на брегот“ од Диме Ратајкоски. Станува збор за книга која на едно место собира разговори со дел од најзначајните поетски имиња на денешницата, реализирани во рамките на Струшките вечери на поезијата за потребите на Македонската радио-телевизија.
Ќе се одржи и поетско кафе – средба со издавачи, агенти и професионални посетители во рамките на ВЕРСОПОЛИС.
На сцената во Домот на поезијата ќе се одржат меѓународните поетски читања „Кругови“, а на полноќ традиционалните „Ноќи без интерпункција“, на кои ќе настапат поетите застапени во антологијата на македонската поезија „Камен и земја“, приредена од Иван Џепароски.
Јубилејните Струшки вечери на поезијата почнаа вчера со традиционалното садење дрво и читање поезија во Паркот на поезијата во чест на добитничката на „Златен венец“ за 2026 година, Анеке Брасинга. Свечено беа отворени синоќа со палење на фестивалскиот оган и читање на „Т’га за југ“ во Домот на поезијата. Манифестацијата за отворена ја прогласи претседателката на државата и покровител на фестивалот, Гордана Сиљановска-Давкова. По официјалното отворање следуваше меѓународното поетско читање „Меридијани“.
Фестивалот годинава се одржува под мотото „Каде што живее поезијата“ и ќе трае до 29 јуни.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
