Вработените во Државното правобранителство од денеска стапија во штрајк барајќи потпишување колективен договор во кој ќе бидат предвидени додатоци на плата во висина од 30 проценти.
Од Синдикатот на УПОЗ за МИА изјавија дека се штрајкува во сите правобранителства во државата и дека штајкот ќе трае до исполнување на барањата.
Следниот вторник, на 14 јануари, се очекува да протестираат вработените од неколку министерства бидејќи не им се одобрени 30 проценти додаток на плата. Протестот би траел половина час пред зградите на министерствата.