Вознемирувачка снимка, на која се гледа бездомно куче кое, видно исплашено, скока од зграда во изградба во Гостивар, по што угинува, се прошири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции кај јавноста.
Според сведоштва кои се споделуваат на социјалните мрежи, животното наводно било доведено до очај откако било бркано и малтретирано. Очевидци тврдат дека кучето се обидувало да избега од лица кои работат на градилиштето, и кои, според нивните наводи, го удирале и го бркале низ градилиштето.
Според истите тврдења, кучето влегло во објектот во изградба барајќи засолниште од високите температури. Наместо безбедно место, наводно било бркано, по што во паника почнало да бега кон повисоките катови. Кога стигнало до последниот кат, без можност за понатамошно бегство. уплашено, според сведоците, кучето скокнало од зградата пред поголем број присутни лица, кои останале шокирани од случката.
Надлежните институции сè уште не излегле со официјални информации за околностите под кои се случил инцидентот. Исто така, засега нема потврда дали случајот е пријавен во полиција или до Агенцијата за храна и ветеринарство.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
