Дури 13 возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторни возила, при што 11 од нив возеле без возачка дозвола, а меѓу нив имало и тројца малолетници, информира Министерството за внатрешни работи.
Полициските контроли биле спроведени на целата територија на државата, а против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по целосното документирање на случаите.
Според МВР, четири лица биле приведени во Скопје, три во Гостивар, меѓу кои двајца малолетници, како и по едно лице во Тетово, Прилеп и Дебар.Во Кочани, пак, бил приведен малолетник кој управувал возило без возачка дозвола и се движел во спротивен правец по еднонасочна улица.
Освен возачите без дозвола, во Скопје бил приведен и еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол.
Во Гостивар, полицијата лишила од слобода уште едно лице кое управувало моторно возило иако имало активна мерка за забрана за управување.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
