Возачот кој пред неколку дена возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи е лишен од слобода.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи го привеле М.Ш. (39) од тетовското село Челопек.
Според информациите, тој на 2 август околу 19:20 часот, управувајќи патничко возило „голф“ со тетовски регистарски таблички, се движел во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес, со што сериозно ја загрозил безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Неговиот опасен потег тогаш беше снимен и фотографиран од очевидци, а снимките брзо се проширија на социјалните мрежи.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, по што ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
