Возачите кои викендов ќе патуваат кон Халкидики ќе се соочат со привремен променет сообраќаен режим поради градежни работи на обиколницата на Солун.
Според најавите, вечерва, 10 јуни, од 23 часот до 5 часот наутро, дел од обиколницата на потегот кон Халкидики ќе биде затворен за сообраќај.
Дополнително, од петок, 12 јуни, од 23 часот, па сè до недела, 14 јуни во 23 часот, истиот дел од патот ќе биде целосно затворен во двата правци. Во овој период се очекуваат големи гужви и забавен сообраќај низ Солун, а возилата ќе бидат пренасочувани по алтернативни правци.
Градежните активности се дел од големиот инфраструктурен проект „Fly over“, со кој се реконструира сообраќајната мрежа околу Солун. Проектот започна во 2023 година, а неговото завршување е планирано за следната пролет.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
