Возач од Тетово е уапсен откако бил фатен како управува автомобил со брзина од дури 177 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил вчера околу 18 часот на патниот правец Гостивар–Тетово, кај клучката Боговиње. Возилото „шкода“ со тетовски регистарски ознаки било регистрирано со специјалното полициско возило „пресретнувач“, кое измерило брзина од 177 километри на час.
По насоки на надлежен јавен обвинител, полициските службеници го уапсиле возачот К.Б. (47) од Тетово. Против него ќе бидат преземени законски мерки и ќе се соочи со санкција согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници во сообраќајот. Воедно, од полицијата повторно апелираат до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината, со цел да се намали ризикот од тешки сообраќајни несреќи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
