Вооружен напаѓач на југот на Турција уби четири лица, а рани осум, јавуваат локалните медиуми.
Нападот се случи во округот Тарсус, во провинцијата Мерсин, објавија турскиот весник „Хуриет“ и телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“. Според извештаите, пукањето започнало во ресторан, а осомничениот, за кого се претпоставува дека е 17-годишник, побегнал со автомобил, пренесува Би-Би-Си.
Полицијата, со поддршка на хеликоптери, веднаш покрена опсежна потрага по него.
Турските медиуми јавуваат дека две лица биле убиени во самиот ресторан, а се верува дека станува збор за сопственикот и еден вработен. Напаѓачот потоа го продолжил пукањето надвор, при што убил овчар во близина и еден возач на камион.
Мотивите за нападот засега остануваат непознати.
Tagged as:
а рани осум Вооружен напаѓач на југот на Турција уби четири лица
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
