Вооружен млад човек влегол во училиште на југот на Турција и отворил оган од пушка со скратена цевка, пишуваат турските медиуми. Најмалку 16 лица, меѓу кои и ученици, се ранети.
Се наведува дека станува збор за поранешен ученик, а според дел од извештаите, тој имал 18 години.
„Напаѓачот по инцидентот извршил самоубиство“, пренесуваат медиумите во врска со страшниот инцидент ов средното стручно училиште во округот Сиверек, во Шанлиурфа.
Причината за пукањето што се случи утрово сè уште не е јасна. Познато е дека напаѓачот бил роден во 2007 година, учел во училиштето до деветто одделение, по што се префрлил во друго училиште. Според извештаите, напаѓачот користел ловечка пушка.
Според порталот „Хуриет“, очевидци соопштиле дека биле земени заложници, меѓу кои имало и ученици. Друг дел од учениците кои се наоѓале во зградата се обиделе да побегнат скокајќи низ прозорците.
Првично напаѓачот, кој се криел во самото училиште, одбил да се предаде по предупредувањето од полициските екипи испратени на местото. Потоа биле ангажирани и специјалните единици.
По пукањето, започнала полициска акција. Целиот реон е блокиран од силни полициски сили.
Амбулантни возила постојано пристигнуваат на местото на настанот. На социјалните мрежи се појавија и вознемирувачки снимки од инцидентот.
Гувернерот на Шанлиурфа соопшти дека во моментов продолжува болничкото лекување на 12 од повредените. Од нив четворица се наставници, 10 се ученици, еден е полициски службеник, а еден е вработен во училишната менза.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
