Background

Војвотката од Сасекс проговори пред австралиските студенти за онлајн насилството

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, повторно проговори за темната страна на јавниот живот, откривајќи дека со години наназад се соочува со секојдневно сајбер малтретирање.

Меган и претходно зборуваше за тоа дека негативните коментари, навредите и дезинформациите на социјалните мрежи се дел од нејзиното секојдневие.

На средбата со студентите во Мелбурн, кадешто беше во рамките на посетата на Австралија со нејзиниот сопруг, принцот Хари, Меган кажа дека била „најтроланата личност во светот“.

- Advertisement -
Ad image

– Секој ден во последните десет години бев злоупотребувана и напаѓана. Бев најтроланата личност во целиот свет – рекла таа нагласувајќи дека темата за дигиталното насилство е исклучително важна за неа.

Според неа, проблемот не е само во критиката, туку во организираните кампањи на омраза кои често се шират со неверојатна брзина.

За време на нејзиното обраќање таа го критикуваше и начинот на кој функционираат социјалните мрежи.

– Таа индустрија вреди милијарди долари, а се базира на суровост за да се добијат кликови и тоа нема да се промени – рекла таа.

Таа ги посоветува студентите да бидат посилни за да можат да се справат со сајбер насилството.

Ова не е првпат војвотката јавно да зборува за притисокот од медиумите и интернет-заедницата. Уште од времето кога стана дел од британското кралско семејство, таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари, често укажуваат на токсичната атмосфера во јавниот дискурс.

Меган истакнала дека особено загрижува фактот што ваквиот вид на малтретирање се „нормализира“ и повикала на поголема одговорност од платформите и од корисниците.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation