Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДСM, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните, оцени ВМРО-ДПМНЕ.
„Недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси. Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку важен реформски процес. Неговото донесување е потребно за усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за исполнување на обврските од Реформската агенда и за обезбедување дополнителен напредок и придобивки за граѓаните“; се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму потсетуваат дека Македонија успешно реализирала 9 од 10 реформи од Реформската агенда, а дека единствената пречка е блокадата предводена од СДС, Левица и ДУИ.
„Однесувањето на СДС, ДУИ и Левица покажува дека кога имаат можност, наместо да работат за државните интереси, избираат опструкции и политички калкулации. За нив поважна е партиската стратегија отколку напредокот на Македонија и придобивките за граѓаните. СДС, ДУИ и Левица наместо да преземат одговорност и да придонесат за донесување на закон што е во интерес на сите, тие се обидуваат да создадат политичка драма и да се претставуваат како жртви“, се додава во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека граѓаните треба да знаат кој го кочи развојот и кој работи против реформите. Пропуштената можност за навремено усвојување на Изборниот законик значи и ризик од губење на дополнителни средства и можности од Планот за раст.
„Политичките игри на СДС, ДУИ и Левица нема да го спречат патот на реформите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за напредокот на државата, а одговорноста за блокадите останува кај оние што ги предизвикуваат“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
