Background

Во тек е судењето за лидерот на групата, Ајети Тоти

Тројца членови на криминалната група Беланоца денеска се осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, јави Телма. Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер.

Третиот обвинет е осуден на 4 години за кривичното дело изнуда. Сè уште во тек е судењето за лидерот на Беланоца, Фатљум Ајети Тоти, како и други членови на неговата банда кои се гонат за најмалку 8 убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани, палење објекти и автомобили. Се смета дека Тоти е наводениот лидер на Беланоца.

Орхан Бајрами беше ликвидиран во јули 2023 година во Ханиоти, Грција, додека бил на одмор. Според истрагата, напаѓачите пристигнале со возило, се доближиле до апартманот во кој престојувал и испукале повеќе куршуми низ прозорецот. Ден пред убиството, на профил на „ТикТок“, кој подоцна бил избришан, била објавена порака дека Бајрами е следната жртва, а по ликвидацијата било објавено и дека „работата е завршена“. Истиот профил претходно најавувал и други ликвидации.

- Advertisement -
Ad image

Во мај 2024 година, во вооружен напад на улицата „Пластичарска“ во Скопје беше застрелан Амар Исмани, кој подоцна им подлегна на повредите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Претходно, во Драч беа успени тројца членови на Беланоца, во акција на македонската полиција и Интерпол. Уапсениот Џавит Муса со години бил во бегство и се бараше за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои и убиството на офицерот на АРМ Агим Муареми во Батинци.

Сенафи Нуредини, кој исто така беше уапсен во Драч се поврзува со напад во Студеничани во 2021 година, кога, според сомневањата, избодел младо момче. Истражителите го поврзуваат и со убиството на Камбер Идризи во Бутел во 2021 година, припадник на ривалска криминална група.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation