Врз основа на финализираните ранг-листи за првото пријавување на учениците за упис во средните училишта за учебната 2026/2027 година, кое беше спроведено преку електронско аплицирање од 12 до 15 јуни 2026 година, со доставување на потребната документација на 16 јуни и 17 јуни 2026, пријавени биле 15 075 ученици, од кои се запишале 13 397 ученици.
Како што објави денеска МОН, 9813 ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3357 ученици за настава на албански јазик, 213 за настава на турски и 14 ученици за настава на српски јазик.
Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се 3010 ученици во гимназиско образование за настава на македонски јазик, 1165 ученици во гимназиско образование за настава на албански јазик, 89 ученици во гимназиско образование за настава на турски и 14 ученици во гимназиско образование за настава на српски јазик.
Во стручно образование за настава на македонски јазик на првото пријавување во јуни се запишани 6653 ученици, за албански јазик 2133 ученици, за настава на турски јазик 124 ученици.
Сто и педесет ученици се запишале во уметничко образование (музичка уметност) за настава на македонски јазик, 59 ученици во уметничко образование (музичка уметност) за настава на албански јазик. Ликовна уметност во уметничкото образование процес на селекција.
Во согласност со Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта предвидено е во училиштата каде во ранг-листата има поголем број ученици со исти бодови да се организира квалификациско тестирање.
– Оваа учебна година беше потребно квалификациско тестирање во секторот здравство и социјална заштита, за квалификацијата фармацевтски техничар на албански наставен јазик во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје. Учениците ќе полагаат квалификациски испит по биологија и хемија, согласно наставната програма по биологија и хемија од осмо и деветто одделение, кој ќе се организира на 22 јуни 2026 година во истото училиште. Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификациско тестирање ќе се објават истиот ден, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница, се наведува во објавата на веб-страницата на Министерството за образование и наука.
Според податоците на МОН, конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование на македонски наставен јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, во скопските гим,назии „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Никола Карев“ и во средните училишта „Методи Митевски Брицо“- Делчево, Наум Наумовски Борче“- Пробиштип и „Методи Митевски Брицо“ – Скопје.
Конкурсот за запишување ученици е завршен во стручно образование во следниве сектори/квалификации и училишта:
СЕКТОР ГРАДЕЖНИШТВО И ГЕОДЕЗИЈА:
ОСТУ „ГОСТИВАР“ – Гостивар
– архитектонски техничар на македонски наставен јазик.
СОУ „Ѓорче Петров“-Крива Паланка
– градежен техничар на македонски наставен јазик
СОУ„Нико Нестор“-Струга
– архитектонски техничар на македонски наставен јазик
СЕКТОР ГРАФИЧАРСТВО:
· СОУ „Таки Даскало“- Битола
– графички техничар на македонски наставен јазик.
СЕКТОР ЕКОНОМИЈА, ПРАВО И ТРГОВИЈА:
· СОЕУ „Јане Сандански“Битола
– техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
· СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија
-економски техничар/бизнис администратор (дуално) на македонски наставен јазик
· СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани,
– бизнис администратор (дуално),
– техничар за е – трговија и дигитален маркетинг (дуално)
сите на македонски наставен јазик;
· СОУ „Ѓорче Петров“-Крива Паланка
– техничар за е – трговија и дигитален маркетинг (дуално) на македонски наставен јазик
· СОУ „Перо Наков“ – Куманово
– економски техничар (дуално) на македонски наставен јазик;
· СУГС „Кочо Рацин“- Скопје
– економски техничар/техничар за е-трговија и дигитален маркетинг (дуално) на македонски наставен јазик
· СЕПТУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје
– економски техничар на македонски наставен јазик;
· СЕПУГС„Арсени Јовков“-Скопје
– асистент деловен администратор на албански наставен јазик
– продавач-референт за продажни услуги на албански наставен јазик
· СУГС „Цветан Димов“ – Град Скопје
– продавач-референт на продажни услуги на албански наставен јазик;
– економски техничар, на албански наставен јазик
– правен техничар, на албански наставен јазик
· СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
– техничар за е-трговија и дигитален маркетинг (дуално) на македонски наставен јазик;
СЕКТОР ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ:
· ДСУРЦСОО „Ѓорѓи Наумов“-Битола
– техничар за индустриска мехатроника (дуално), на македонски наставен јазик
· ОСТУ „Гостивар“ – Гостивар
– електротехничар за електроника и телекомуникации/техничар за индустриска мехатроника (дуално) на македонски наставен јазик,
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика(дуално) на македонски наставен јазик
· СОУ „Ѓорче Петров“-Крива Паланка
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика (дуална) на македонски наставен јазик;
· СЕУГС „Михајло Пупин“-Скопје
– електротехничар енергетичар (дуално), на македонски наставен јазик
· ДСУРЦСОО „Никола Карев“-Струмица
– електротехничар енергетичар на македонски наставен јазик.
СЕКТОР ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА:
· ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“-Битола
– медицинска сестра (дуално) на македонски наставен јазик;
· СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија
– забен техничар/фармацевтски техничар (дуално) на македонски наставен јазик
· СОМУ„Гостивар“-Гостивар
– медицинска сестра (дуално) на албански наставен јазик
– фармацевтски техничар (дуално) на албански наставен јазик
· ОСУ „Мирко Милески“-Кичево
– Медицинска сестра (дуално) на македонски наставен јазик
· ОСТУ„Наце Буѓони“-Куманово
– медицинска сестра (дуално) на албански наставен јазик
· ДСУРЦСОО„Киро Бурназ“-Куманово
– фармацевтски техничар (дуално) на албански наставен јазик
· СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп
-медицинска сестра, на македонски наставен јазик
· СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ Скопје за образовниот профил:
– забен техничар на македонски наставен јазик;
– забен техничар на албански наставен јазик;
-медицинска сестра на албански наставен јазик
– физиотерапевски техничар на македонски наставен јазик;
-фармацевски техничар на албански наставен јазик (квалификациско тестирање);
– гинеколошко акушерска сестра на албански наставен јазик
· СУГС „Цветан Димов“ Скопје
-медицинска сестра на албански наставен јазик;
– забен техничар на албански наставен јазик
– фармацевски техничар на албански наставен јазик;
· СОМУ„Никола Штејн“-Тетово
– медицинска сестра на албански наставен јазик
СЕКТОР ЛИЧНИ УСЛУГИ:
· СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје
– техничар за козметичка нега и убавина на македонски наставен јазик;
· СУГС„Шаип Јусуф“-Скопје
– фризер на македонски наставен јазик
· СУГС „Сарај“-Скопје, за образовниот профил:
– фризер на албански наставен јазик;
· СОМУ„Никола Штејн“-Тетово
– техничар за козметичка нега и убавина на албански наставен јазик
· СОУ„Јане Сандански“-Штип
– техничар за козметичка нега и убавина (дуална) на македонски наставен јазик
СЕКТОР МАШИНСТВО
· ДСУРЦСОО „Ѓорѓи Наумов“-Битола
– техничар за компјутерско управување (дуално) на македонски наставен јазик
· ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид
– техничар за производно машинство/машински техничар за моторни возила (дуално) на македонски наставен јазик
· СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје
– Машинско енергетски техничар (дуално) на македонски наставен јазик
· АСУЦ „Боро Петрушевски“- Скопје
-машински техничар за моторни возила на македонски наставен јазик
· ДСУРЦСОО „Никола Карев“-Струмица
– машински техничар за моторни возила на македонски наставен јазиок
СЕКТОР СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ:
· ДСУРЦСОО„Киро Бурназ“-Куманово
– техничар за патен сообраќај (дуално) на македонски наставен јазик
· ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид
– техничар за патен сообраќај (дуално) на македонски наставен јазик;
· СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје
– техничар за транспорт и шпедиција (дуално) на македонски наставен јазик;
– техничар за логистика во сообраќајот (дуално) на македонски наставен јазик;
СЕКТОР УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ:
· СОУ „Коле Неделковски“-Велес
– келнер/ готвач (дуално) на македонски наставен јазик;
СЕКТОР ХЕМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА:
· СУГС „Марија Кири Склодовска“- Скопје
– техничар за заштита на животна среднина на македонски наставен јазик
– техничар за козметички и хемиски производи, на македонски наставен јазик;
– хемиски лабораториски техничар на македонски и на албански наставен јазик
· СОУ „Нико Нестор“ – Струга
– хемиски лабораториски техничар, на македонски наставен јазик;
СЕКТОР ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО:
· СУГС „Георги Димитров“ – Скопје
– техничар за мебел и ентериер (дуално) на македонски наставен јазик.
Второто пријавување на учениците ќе биде електронски на 23 јуни. Слободни места за второто пријавување има за вкупно 11 882 ученици од кои: 7404 слободни места за настава на македонски јазик, 4002 слободни места за настава на албански јазик, 456 за турски и 20 слободни места на српски наставен јазик.
Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе биде на 24 јуни. Ранг-листата со резултати од запишувањето треба да биде објавена на 25 јуни на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница, до 12 часот.
Квалификациско тестирање во второто пријавување во јуни ќе се организира во училиштата за средно образование на 29 јуни , а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават истиот ден на тестирањето, на огласната табла на училиштето и/или на училишната интернет-страница.
Tagged as:
ВО СТРУЧНИТЕ УЧИЛИШТА ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ЗАПИШАНИ УЧЕНИЦИ ОТКОЛКУ ВО ГИМНАЗИИТЕ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
