Во рамките на истрагата за пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, досега се уапсени 15 лица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во рамките на истрагата за пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, досега се уапсени 15 лица, јавија денеска турските медиуми.

Во пожарот што избувна во тој хотел во текот на ноќта на 21 јануари загинаа 78 лица.

„Петмина осомничени, меѓу кои Седат Ѓулер, заменик-градоначалник на Болу, и Кенан Чоскун, заменик – директор на противпожарната служба, се појавија на суд. Бројот на осомничените кои се приведени се зголеми на 15 со последните апсења во истрагата за пожарот во хотелот во ски-центарот Болу Карталкаја“, објави денеска турскиот весник „Сабах“.

Share This Article