Background

ВО „ПУЛС“ НИКОГАШ НЕ БИЛА ИЗВРШЕНА ИНСПЕКЦИСКА КОНТРОЛА ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАР

Од 2012 до 2025 година не е извршена инспекциска контрола во дискотеката „Пулс“ од страна на инспектор за противпожарна заштита, сведочеше вештото лице Викторија Будимовска Секуловска на денешното продолжение на судењето за пожарот во дискотеката во Кочани.

Расправата продолжи со вкрстени прашања од одбраната кон вештите лица. Одговарајќи на прашањата, Будимовска Секуловска рече дека со вештачењето утврдила дека во внатрешноста на објектот бил истакнат само еден план за евакуација. Главната влезно-излезна врата не била противпожарна.

– Сè што спаѓа во противпожарна врата, значи паник-рачка и систем за кочење во отворена положба и самата огноотпорност на вратата, не е исполнето на таа врата – одговори таа.

- Advertisement -
Ad image

На прашања одговараше и вештото лице Маријана Лазаревска, вештак за градежното вештачење во тимот на Горан Марковски од Градежниот факултет, која во претходен исказ направи детална елаборација на сите изведени зафати во критичниот објект, а во функција на неговата пренамена.

– Иако беше повторувано дека не е наше да утврдуваме причина за пожар, меѓутоа можам да го споделам мојот личен став во однос на тоа, дека ценевме иницијалниот извор на пожарот да се прскалките. Меѓутоа, можноста да се запали нешто во конкретниот случај, во конкретниот објект, припаѓа на сунѓерот. Значи, тука имаме директна поврзаност – истакна таа во судницата.

Според неа, тоа е нешто што помага прво да се запали, па да гори и да се рашири пожарот.

– Пожарот е една непогода којашто е вклучена во нашите пресметки, проектантски и анализи. Пожарот е непогода којашто не можеме да предвидиме кога ќе се случи, од кои причини ќе се случи, меѓутоа кога се проектира, работиме со третман дека сигурно во објектот има пожар. Не навлегуваме во причината, не можеме да влијаеме на причините, барем не секогаш. Затоа и мојот коментар е во тој контекст – дека ние го проектираме објектот да биде безбеден во услови на пожар, исто како што треба да биде безбеден во услови на земјотрес итн – рече Лазаревска.

Сè што е во нашето вештачење, додаде, не е базирано на еден изолиран документ, туку на целокупната документација.

– Ниту еден утврден факт во нашето вештачење не се базира на еден изолиран документ, ниту на претпоставки, ниту на превид во некои околности. Не го утврдивме сунѓерот од фотографија. Фотографијата ја приложуваме за вие да видите каде е поставен и како изгледа – рече таа, одговарајќи на прашањата.

Лазаревска реагираше на прашањата на адвокатката на првообвинетиот Дејан Јованов.

– Повторно селективно читате прописи, поставувате трипати одговорени и елаборирани прашања, од вештачењата гледате сунѓери по боја, а не читате за составот на полиуретанскиот сунѓер што сме го утврдиле – рече Лазаревска.

Судијката ги дозволуваше прашањата како законско право на одбраната, но постојано опоменуваше дека се поставуваат веќе одговорени прашања.

Околу бојата на сунѓерот се вклучи и вештакот Горан Марковски.

– Основа за нашето тврдење, што има поставено на таванот беа форензичките вештачења и оние на Институтот за судска медицина и на ПМФ. Специфично, за овој материјал, конкретно сунѓерот, е што при согорување тој ослободува јаглерод моноксид и цијанид, а знаеме во кои историски моменти се користел цијанид – рече тој.

Роднините на загинатите деца реагираа бурно од своите места во судницата дека се развлекува времето и се повторуваат истите кажани факти.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, која не дозволи да се одговори на едно од прашањата, бидејќи веќе е одговорено.

– Јас мислам дека на ова прашање веќе и претходниот пат, и тоа од професорот Горан Марковски е одговорено, дека со самото тоа што објектот понатаму е користен како кабаре, како дискотека, требало дополнително осветлување и дека сигурно е вршена некоја интервенција во електричната мрежа. Мислам дека тоа е веќе одговорено. Судот донесе решение, не се дозволува прашањето, веќе е одговорено од страна на вештите лица. И од сликите кои беа прикажани, а и од пренамената на објектот како кабаре, било потребно дополнително осветлување, што секако претпоставува и зголемување на електричната инсталација – рече судијката.

Со изведувањето на градежното вештачење, изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, и распит на вештите лица кои го изработиле, треба да заврши изведувањето докази од Обвинителството, по што одбраната ќе почне со изведување докази.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, животот го загубија 63 лица, а 222 беа повредени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation