Министерството за образование и наука реагира на денешната прес конференција на СДСМ, на која обвинуваат дека учениците со попреченост се оставени без образовни асистенти.
„Четворица министри во Владата со која СДСМ раководеше седум години, не успеаја да обезбедат образовни асистенти за сите ученици со попреченост кои следат настава во редовните основни и средни училишта во државата. Во 2024 година, последниот нивен министер обезбеди недоволни 800 образовни асистенти и тоа само во основното образование, додека во средното воопшто не беа ангажирани стручни лица кои ќе им го олеснуваат воспитно – образовниот процес на учениците со посебни образовни потреби“, реагира МОН.
Денес се ангажирани 1.358 образовни асистенти во основното и 166 во средното образование. Најмногу досега, а во тек е постапка и за ангажирање на дополнителен број стручни лица кои ќе обезбедуваат образовна асистенција за децата, согласно пријавените потреби на нивните родители.
„Во насока на подигнување на инклузивноста, МОН ги јакне и стручните служби во училиштата, преку ангажирање на кадарот кој недостигаше во минатото. Така што, денес не постои училиште во кое нема стручна служба. Паралелно се подобрува пристапноста за лицата со попреченост во училишните објекти преку поставување рампи и тоалети за ученици со посебни потреби.
Ќе потсетиме и дека актуелното раководство на МОН прифати долгогодишно барање на граѓанскиот сектор кое е трансформирано во системско решение, а се однесува на обезбедување континуитет во наставата за учениците кои се на подолго болничко или домашно лекување, да можат часовите да ги следат онлајн заедно со класот или пак, наставникот индивидуално да работи со нив. Со тоа, степенот на инклузивност на образованието е дополнително подигнат“, се додава во реакцијата од МОН.
Од новата академска година, предвидено е доделување на нов тип стипендии за студенти со попреченост и со ретки болести со што ќе се одговори на барањата на нивните здруженија и сојузи, а политиките на стипендирање ќе ги следат барањата на ЕУ.
Tagged as:
А ВО СРЕДНИТЕ 166 ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ ВО ОСНОВНИТЕ ШКОЛИ ИМА 1.358
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
