Background

Во некои места жителите чекаат да им се достави храна

Неколку локални патни правци во земјава се непроодни по обилните врнежи од снег и се работи на нивно чистење, соопшти Центарот за управување со кризи.

Во сите градови и во нивната околина сите патни прaвци се проодни и сообраќајот се одвива во зимски услови.

Патниот правец за струшкото село Горна Белица не е прооден. Се планира денеска да се исчисти патот за селата во Малесијата.

- Advertisement -
Ad image

Во текот на денов ќе се чисти снегот на патните правци кон повисоките населени места во близина на Македонски Брод кон кои во моментов сообраќајот се одвива само со теренски возила.

Тешко прооден освен за теренски возила е патот од пред селото Горна Бошава до самото село. Не е прооден патот од селото Бојанчиште до Куманичево, во Кавадаречко.

Упатени се 2 скипа за чистење на патот Долни Дисан-Горни Дисан-Вешје, каде што во моментот има наноси од снег и пристапот до село Вешје е блокиран.

Денеска се планира да се исчисти патот кај селото Гопеш каде што во куќа има српски државјани кои што чекаат достава на храна.

Регионалниот пат за Мариово (Прилеп – Витолиште) не е исчистен и е прооден само со теренско возило. Делумно е исчистен патниот правец од манастирот Писокал до селото Кален, и е планирано во текот на денешниот ден да се исчисти патниот правец до селото Витолиште. Се чисти патот кон Тополчани, Тројкрси-Чепигово и од Тополчани кон Канатларци. Денес е поднесено барање од МПЦ манастир во селото Бешиште до ЕЛС Прилеп за чистење на патниот правец од местото викано Баров Мост до селото Бешиште. Овој правец ќе биде чистен во текот на утрешниот ден од страна на градежни машини од локалните рудници.

Со скип машина и трактор со нож екипите се на терен и работат на дорасчистување на локалните патни правци во Долнени. Патниот правец од селото Долгаец до Маргари е исчистен, останува неисчистен мал дел од патот пред селото.

Има потешкотии во проодноста на регионалниот пат Ропотово – Кривогаштани – Обршани. Се очекува во текот на денот машина од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да го исчисти овој патен правец.

Локалниот земјен пат од селото Дурачка Река, маало „Метов“ до селото Дренак во Крива Паланка е непрооден поради високи наноси на снег на патот. Непроодни се и земјените патишта од местото „Компирара“ до селото Бс и од Огут кон Нерав.

Локалниот патен правец од Мушково кон Нежилово и кон Каврак во Кратовско е тешко прооден за теренски возила со зимска опрема. Висината на снежната покривка е околу 30 см. Патот ќе се чисти во наредните денови.

Во селото Бигор (Општина Маврово-Ростуше) патот не прооден и во текот на денешниот се очекува да биде исчистен.

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека сите свои капацитети е на терен од 07:00 часот, на расчистување на коловозите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation