Вкупните депозити во март бележат годишен раст од 11,3%, а вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, покажуваат податоците на Народната банка.
Во март депозитите на граѓаните и на компаниите во банките изнесувале вкупно 10,81 милијарди евра, а биле задолжени кај банките со 9,25 милијарди евра.
Анализата на податоците покажува дека растот на депозитите е резултат на повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства”, додека растот на кредитирањето е забележан во двата сектора, но со поголемо учество на кредитите кај корпоративниот сектор.
На месечна основа вкупните депозити забележаа зголемување од 1,8%, коешто во услови на пад на депозитите на секторот „домаќинства“, во целост се должи на растот на депозитите на корпоративниот сектор.
Вкупните кредити, во март, се зголемени за 1,4% и е резултат на повисокото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, остварија месечен раст од 1,2% односно 1,5%, при годишен раст од 10,9% и 15,9%. Автомобилските кредити се непроменети на месечна основа, додека во споредба со истиот месец минатата година, тие се зголемени за 4,2%.
Овој месец, кредитите одобрени на кредитните картички бележат месечен раст од 0,4%, додека на годишна основа забележаа намалување од 3,8%.
Негативните салда на тековните сметки, пак, покажуваат дека во март граѓаните се обиделе да го покријат недостигот на пари. За еден месец негативните салда во банките пораснале за 4,6%, а на годишно ниво растот е од 0,4%. Кај кредитите одобрени врз други основи забележан пад од 1,2% на месечна основа и од 12,0% на на годишна основа.

Tagged as:
6 Во март негативните салда на сметките на граѓаните пораснале за 4
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
