Background

Во Македонија сѐ уште се користат само трите канадери набавени во 2009 година, а нивната улога во гаснењето на пожарите е само поддршка, но не и целосно решение за справување со огнените стихии од поголем обем

Во Македонија сѐ уште се користат само трите канадери набавени во 2009 година, а нивната улога во гаснењето на пожарите е само поддршка, но не и целосно решение за справување со огнените стихии од поголем обем.

Ние како држава си имаме еден друг поголем проблем – немаме пилоти кои би управувале со авионите, објаснува за Плусинфо државниот советник за организација и функционирање на Системот за управување со кризи, Драги Тарчуговски.

Клучниот фактор во гаснењето на пожарите се противпожарните екипи на терен, а не воздухопловите.

Со зголемените температури во изминативе денови, во Македонија повторно се соочуваме со зачестени пожари.

- Advertisement -
Ad image

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), само за време на изминатиот викенд биле евидентирани 60 пожари на отворен простор, од кои 9 останале активни до полноќ. Огнените стихии се раширени низ повеќе региони, вклучувајќи ги Прилеп, Демир Хисар, Гевгелија, Охрид, Чашка, Сарај, Желино и Тетово.

И покрај годишните пожари и потребата за ефикасно справување, проблемите со опремата и човечките ресурси остануваат горлива тема.

Нема нови авиони, a нема ни пилоти

Голем проблем претставува недостигот на пилоти, објаснува Тарчуговски, кој додава дека од трите активни пилоти за гаснење пожари, двајца веќе се пензионирале, што значи дека државата моментално располага само со еден пилот.

– Ваквиот дефицит не може да се реши за 6 месеци бидејќи за обука на нови пилоти се потребни соодветни организациски решенија, обуки и финансирање, кои засега не се во целост обезбедени – нагласува Тарчуговски.

Тој потенцира дека клучниот фактор во гаснењето на пожарите се противпожарните екипи на терен, а не воздухопловите.

– Голем удел во гаснењето на пожарите го имаат доброволните противпожарни друштва, кои се финансирани од локалните општини – објаснува Тарчуговски.

Но, според него, нивниот број е загрижувачки мал – постојат само неколку вакви друштва низ целата земја, вклучувајќи ги оние во Кавадарци, Свети Николе и во Кочани.

Капацитетите за обука на кадар се слаби

Тарчуговски нагласува дека за подобрување на ситуацијата неопходни се зголемено финансирање на противпожарните единици и поефикасни обуки за нови пожарникари.

Според него, моменталните средства наменети за овие цели се недоволни, а организациските капацитети за обука на кадар се слаби. Токму затоа, смета дека оваа област мора да стане приоритет во наредниот период.

– Капацитетите на противпожарните екипи се исполнети само 60%, што значи дека постои потреба за зголемување на капацитетите – додава тој.

Од ЦУК апелираат на зголемена внимателност кај граѓаните, особено при движење на отворен простор. Земјоделците се замолуваат да не палат стрништа, а сточарите да внимаваат со употреба на оган на пасиштата. Доколку граѓаните забележат пожар или друга итна ситуација, можат да пријават на единствениот број за итни случаи – 112.

Со оглед на непредвидливите временски услови и зголемените температури, експертите предупредуваат дека без стратешки мерки, ефикасно финансирање и организациски реформи, Македонија и ова лето ќе се соочи со тешки битки против пожарите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation