Background

Во изминатото деноноќие во државата биле регистрирани 42 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, пет се ставени под контрола, а 32 се изгаснати

Во изминатото деноноќие во државата биле регистрирани 42 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, пет се ставени под контрола, а 32 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според податоците заклучно со 7.30 часот, активни се пожарите кај селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, при што огнот е активен и на територијата на Косово, потоа во месноста Рамно кај селото Брест во Општина Чучер-Сандево, на потегот меѓу селата Буринец, Локов и Селце во Струшко, кај селото Белица во Општина Македонски Брод и кај селото Милетино во Општина Брвеница.

Под контрола се пожарите кај селата Кнежино и Добреноец, како и кај селото Тајмиште во Општина Кичево, пожарот кај селото Копаница во Општина Сарај, пожарот на градската депонија во Делчево и пожарот меѓу селата Руѓинце и Орах во Општина Старо Нагоричане.

- Advertisement -
Ad image

Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 32 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во општините Петровец, Гази Баба, Студеничани, Чучер-Сандево, Ѓорче Петров, Сарај, Теарце, Кратово, Куманово, Липково, Берово, Штип, Струга, Кичево, Долнени, Битола, Новаци, Гевгелија, Ново Село, Струмица, Крушево, Охрид и Градско.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖