Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025 во Хрватска.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа добро во најголемиот дел од првото полувреме и во два наврати имаа и предност од 3 гола. Полувремето заврши со резултат 13:14.
По неколкуте водства на Австрија во првите минути од вториот дел, Македонија во 40. минута по серија од 3:0 повторно имаше предност (18:17). На 10 минути до крајот резултатот беше нерешен 22:22.
Во самиот финиш Филип Кузмановски промаши пенал при резултат 27:27, а во следниот напад Австрија влезе во водство. Марко Митев изедначи, па на 4 секунди до крајот противникот постигна гол.
Буквално во последната секунда Кузмановски погоди за конечни 29:29.
Најефикасни во македонскиот состав беа Митев со 6 и Жарко Пешевски со 5 гола.
На овој натпревар „Фалангата“ беше помалубројна во однос на натпреварите од групната фаза, но, повторно им даваше голема поддршка на македонските ракометари.
До крајот на денот ќе се одиграат другите две средби од првото коло во Групата 2 помеѓу Катар и Холандија и помеѓу Унгарија и Франција.
На табелата Франција е лидер со 4 бода, Унгарија и Австрија имаат по 3, Холандија и Македонија по 2 бода, а Катар е без бодови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
