Управата за хидрометеоролошки работи за утре издаде жолто предупредување за невреме на целата територија на Македонија.
Утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне повторно ќе биде нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, во количина над 15 литри на квадратен метар, електрични празнења и појава на град. Ќе дува силен ветер со бзрина над 60 километри на час.
Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 11 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и со појава на град. Температурата ќе се движи од 16 степени наутро до 30 степени во текот на денот.
До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време.
Во сабота ќе дува засилен до силен северен ветер, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа. Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.
Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
