Лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода. Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп, соопшти Владата.
На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.
„Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно засновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР).
Оваа акција беше спроведена претходно во соработка со службите на МВР, при што беа дадени бележани пари и целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда“, се наведува во соопштението од Владата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
